еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој го чува: Само Груевски од поранешните функционери остана со обезбедување од државата

Од поранешните функционери моментално обезбедување од државата има само поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, велат за еМагазин од МВР.

Од МВР не кажуваат колку членови брои моменталното обезбедување на Груевски, како што велат од таму поради безбедносни причини.

Пред промената на власта, беа направени законски измени според кои премиерот на кој му завршила функцијата има право на лично обезбедување од шест лица вработени во единицата за обезбедување лица и објекти во МВР, како и право на користење службено возило и возач и тоа право го остварува во период ист со периодот на времетраењето на извршувањето на функцијата претседател на Владата, што значи дека Груевски ова право може да го користи 10 години.

Тогаш СДСМ побараа измени на оваа законско решение, а од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека е оправдано поранешни функционери да имаат 24 часовно обезбедување во времетраење колку што биле на функција, напоменувајќи дека во Макеоднија имало два обиди за атентати на поранешни претседатели кои се уште не се расветлени.

По промената на власта, Груевски побара дополнително обезбедување, но од МВР не ни одговорија од истите причини дали му излегле во пресрет на оваа барање.

Според последните измени на овие законски одредби, сега одредницата која се однесува на временскиот период за обезбедување од „најдолго до една година“ е изменета и гласи „за времетраење на опасноста“.

Деновиве без обезбедување од државата останаа поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската компанија ФХ3Х стана дел од светската групација Синесајт, во следните пет години планираат вработување на 120 лица годишно

Редакција

Болничарката со конго-кримска хеморагична треска прими прва доза „рибавирин“

Редакција

Анкета на ИРИ: Само 13% од граѓаните сметаат оти Македонија се движи во вистинска насока

Редакција