еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага за Лидија Димова и уште три лица

Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица.

„Три лица како соизвршители се осомничени дека сториле кривично дело Измама на штета на средства на европската заедница од член 249-а од Кривичниот законик, првоосомничената сторила и продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 и став 3 во врска со став 1, додека четвртото лице е осомничено дека сторило кривично дело Несовесно работење во служба предвидено и казниво во член 353 -а став 1 од Кривичниот законик.

Во текот на денешниот ден, обвинителството до Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог за изрекување на мерки на претпазливост согласно чл.146 став 1 точки 2, 3 и 7 за тројца осомничени.

Односно, заради обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка, обвинителството му предложи на судот на осомничените да им определи мерки на претпазливост и тоа обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело. Одлуката на судот ќе биде донесена во редовна законски утврдена постапка,“ информираат од Обвинителство.

Вчера, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова и против сопственикот на Друштвото за трговија и услуги В.Е.З. Трејд, Зоран Златковски.

Кривичната пријава е поднесена и против А.Г., надворешен советник  и против А.П, благајник во Агенцијата за европски образовни програми и мобилност.

Осомничени се дека причиниле штета во вкупен износ од 25.334.543 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТ

Кривична пријава за Лидија Димова, сопственикот на В.Е.З. Трејд и двајца соработници во Агенцијата

Фото: Фејсбук/Димова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) МВР се поднови со нови пловни објекти

Редакција

(Видео+Фото) Пендаровски на средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј: Целосното заокружување на процесот на автокефалност е и од врвен национален интерес

Редакција

Цела листа на сите неработни денови: Оваа година шест продолжени викенди за сите граѓани

Редакција