еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео+Фото) Пендаровски на средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј: Целосното заокружување на процесот на автокефалност е и од врвен национален интерес

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во Истанбул остварил средба со Неговата Сесветост г.г. Вартоломеј Први, Архиепископ Константинополски на Нов Рим и Вселенски патријарх.

На средбата претседателот Пендаровски искажал благодарност до Вселенскиот Патријарх за посебната улога која ја има во надминувањето на црковниот спор поврзан со нашата црква.

Преку неговата одлука од 9 мај 2020 година, денес нашата Црква се наоѓа во канонско единство со другите православни цркви, прифатена како рамноправна со сите останати, се наведува во соопштението од Кабинетот на шефот на државата.

На средбата било констатирано дека единствениот пат за добивање на легитимен и целосно прифатен Томос за автокефалност е оној кој го издава Вселенската Патријаршија.

– Поради тоа очекуваме, како држава и Црква од врховното институционално тело во православието, да ни го додели официјалниот документ за црковна самостојност – Томос за автокефалност. Со одлуките на Вселенската Патријаршија на нашата Црква и се признава правото на користење на името Охридска Архиепископија, што значи црковен континуитет од 1000 години.

Целосното заокружување на процесот на автокефалност е и од врвен национален интерес, бидејќи отвара можност за ново и духовно растење на Охридската Архиепископија, напредок и помирување во македонското општество и држава, соопштија од Кабинетот на претседателот.

Видео/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставен суд ја отфрли иницијативата за оспрување на одлуката за референдум

Редакција

Убава вест: 223 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Македонската химна веќе трпела промени: Познати три верзии

Редакција