еМагазин
Image default
Бизнис

„Сковин“ во загуба од 32,8 милиони денари за девет месеци

„Сковин“ АД Скопје  за периодот јануари-септември 2020 година оствари негативен финансиски резултат искажан во неревидираниот биланс на успех во износ од 32,8 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Остварените вкупни приходи во периодот јануари- септември 2020 година изнесуваат 5.119.000 денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2019 година бележат пад од 90%.

Оперативните приходи во износ 5.107.000 денари учествуваат со 99,8% во вкупните приходи и истите бележат пад од 90% во споредба со 2019 година како резултат на реализирање на купопродажбата на подвижен и недвижен имот и поради непостоење на сопствено производство и продажба.

Финансиските приходи изнесуваат 12.000 денари и бележат намалување од 82% во однос на 2019 година“, информираат од компанијата.

Фото: Сковин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Грција ќе може да се влезе и со рапид тест, новата мерка важи за сите над 5 години

Редакција

УО на Стопанска банка Битола со позитивен став за преземањето од страна на Комерцијална, вработените пак барaат јасно дефинирање што ќе се случи со нивните работни места

Редакција

ОРМ: Штетите врз бизнисот ќе бидат уште поголеми доколку ситуацијата со Ковид-19 наскоро не се подобри

Редакција