еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Хакерски напад на хрватскиот портал Слободна Далмација: Стари текстови заменети со нови, кои шират руска пропаганда за војната во Украина

Хрватскиот портал Слободна Далмација на нивниот Инстаграм-профил објавија вонредна вест за извршен хакерски напад, при што во содржините на медиумот се вметнати и објавени текстови кои шират руска пропаганда.

„Непознати причинители во попладневните часови упаднаа во нашиот систем, неколку постари текстови во рубриките на Слободна Далмација ги заменија со текстови кои промовираат руска пропаганда во војната со Украина.

Станува збор за десетина текстови кои на порталот се објавени потпишани од наши автори. Нашите служби, на време го воочија нападот и работат на отстранување на проблемот.

Текстовите се бришат, а нападот е пријавен во полиција. Им се извинуваме на читателите,“ пишува Слободна Далмација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дирекцијата за заштита и спасување вработува седум лица, плата до 71.980 денари

Редакција

Нови 491 случаи на Ковид-19, оздравени 595, осум починати

Редакција

Пациентот од Куманово кој синоќа почина на Инфективна бил заболен од корона вирусот

Редакција