еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пациентот од Куманово кој синоќа почина на Инфективна бил заболен од корона вирусот

Пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје бил заболен од коронавирус, информираат од Министерството за здравство.

За овој пациент, Министерството за здравство информираше денеска во редовното соопштение за дневната состојба со ново дијагностицирани, починати и оздравени пациенти, со напомена дека за него се чекаат резултатите од тестирањето на Ковид-19.

„Неговиот резултат позитивен на Ковид-19 пристигна попладнево, а овој случај на позитивен и починат пациент, во статистиката на Институтот за јавно здравје ќе биде евидентиран во утрешниот извештај.

Пациентот беше донесен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје со тешко дишење и ниска сатурација, а од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И медицински техничар од Инфектината клиника во Скопје заразен со коронавирусот

10 заболени со коронавирусот се со тешка клиничка слика

Вкупно 12 починати од корона вирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сведок во „Титаник”: Над 500 лица во Кичево донирале средства за ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Ќе се присоедини ли Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка?

Редакција

(Фото) Промовирана новата Единица за интервентна полиција за поголем број на полицајци на улица

Редакција