Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти.
Едниот пациент е на возраст од 70 години од Куманово, кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, а за него се уште се чекаат резултатите од тестот за коронавирусот.
Тој имал имал тешка форма на воспаление на белите дробови. Од кумановската болница е препратен на Клиниката за пулмологија и понатаму препратен на Клиниката за инфективни болести, рече на денешната прес конференција, министерот за здравство, Венко Филипче.
Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.
Вкупната бројка на заразени од корона вирусот изнесува 430, а на починати вкупно 12.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови здравствени работници заболени од корона вирусот во болницата во Куманово
Вкупно 11 починати од корона вирусот: Почина 65-годишната жена од Лабуништа