еМагазин
Image default
Македонија

534 полицајци ангажирани во последното деноноќие за пожарите

Во текот на изминатото деноноќие, во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на државата, од страна на МВР беа ангажирани 534 полициски службеници, реализирани се 204 мото-патроли и користени 162 моторни возила.

На терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е континуирана будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се зголемува бројот на активни случаи на Ковид-19 во скопските општини Центар и Карпош

Редакција

Во болницата во Штип од Ковид-19 почина една пациентка, на кислородна поддршка се 28 лица

Редакција

Средба на Османи со украинскиот колега Кулеба: Русија да се врати на принципите на ОБСЕ, страдањето на цивилното население е недозволиво

Редакција