еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Маркетите на КАМ биле запечатени, бидејќи синоќа е прекинат пописот, велат од УЈП

Инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП) вршат контрола во маркетите на „КАМ“, која е насочена кон утврдување на фактичката состојба на залихите во магацин со книговодствената евиденција.

Од Управата за јавни приходи денеска ги демантираа информациите дека маркетите се запечатени поради прекршочни санкции. Запечатувањето на маркетите, како што наведуваат, е направено синоќа заради прекин на пописот со цел да не настанат евентуални измени во фактичката состојба на залихите во продавниците и магацините.

– Сите објекти во раните утрински часови на 22/03/2022 година се отворени, односно службениците од УЈП ги отстранија пломбите во присуство на вработените на даночниот обврзник и со пописот се продолжува во текот на денешниот ден и се планира да заврши денес, велат од УЈП.

Додаваат дека контролата произлегува од низата неправилности утврдени со контролите по Законот за регистрирање на готовинските плаќања во повеќе маркети на територија на цела држава по однос на примената на даночната стапка.

– Управата за јавни приходи кај даночниот обврзник КАМ ДОО, Илинден започна со извршување на надворешна контрола согласно Законот за даночна постапка за увид во состојба на залихите на трговска стока во магацин и продавници со цел констатирање на фактичката состојба на залихите и споредба со книговодствената евиденција.

Контролата произлегува од низа нерегуларности утврдени со контролите по Законот за регистрирање на готовинските плаќања во повеќе маркети на територијата на цела држава по однос на примена на даночна стапка, наведуваат од УЈП.

За исходот од извршените контроли, како што посочуваат од УЈП, не може да информираат од причина што согласно член 9 став 1 од Законот за даночна постапка, службените лица на Управата за јавни приходи се должни како даночна тајна да ги чуваат сите документи, информации, податоци и други факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночната, прекршочната или судската постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во КАМ се врши инспекциски надзор, се работи за редовна контрола, велат од ланецот маркети

(Фото) Дел од КАМ маркетите откако се под лупа на УЈП, затворени, се прави попис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 1.059 оздравени од Ковид-19

Редакција

Трагедија: Осумнаесетгодишна девојка од струмичко почина од струен удар

Редакција

Продадени 40.000 пастрмајлии за време на „Штипска пастрамајлијада“

Редакција