еМагазин
Image default
Свет

„Фајзер“ испраќа четири милиони пакувања од својот лек против Ковид-19 во посиромашните земји

Фармацевтската компанија „Фајзер“ денеска објави дека преку УНИЦЕФ ќе обезбеди четири милиони пакувања Паксловид (Paxlovid), лек против Ковид-19 во форма на таблетки, за 95 сиромашни земји каде живее популација од околу четири милијарди луѓе.

Првите испораки се очекуваат на почетокот на следниот месец.

Таблетките се прв лек против коронавирусот, што ќе се појават во некои од најсиромашните делови на светот, но се доволно за само мал дел од популацијата кој има потреба од нив.

Од „Фајзер“ истакнаа дека годинава може да произведат 120 милиони пакувања Паксловид. Најголем дел од овие таблетки ќе се продаваат во побогатите земји.

Испитувањата покажаа дека третманот со Паксловид е високо ефикасен во справување против Ковид-19, но ако се почне во раната фаза на инфекција.

Лекот дава надеж за справување со пандемијата кај сиромашните земји, бидејќи се дава во форма на таблетки дома и чувањето е лесно на собна температура.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Египет отвори телефонска линија за туристи

Редакција

Украина го отфрли предлогот за „австриско-шведски модел на неутралност“, бидејќи е во директна војна со Русија

Редакција

Навални: Сакаат да ме затворат за случај во кој веќе сум прогласен за невин

Редакција