еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Управа за финансиска полиција: Претресот не е извршен кај пратеникот Јаулески, туку кај вработен во ЕВН

Управата за финансиска полиција соопшти дека дека претресот не е извршен во домот на пратеникот Јован Јаулески, ниту, пак, кај некој друг претставник на политичка партија, туку се однесува на вработени во ЕВН Електрани Mакедонија ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје и бара Управата да не се злоупотребува за политички цели.

– Целосно ги демантираме и отфрламе изјавите на пратеникот Јован Јаулески дека претресот е извршен кај него дома, ниту пак кај некој друг претставник на политичка партија.

Предистражната постапка се однесува на вработени лица во ЕВН Електрани Mакедонија ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје, истакнуваат од Управата во пишано соопштение до медиумите.

Нагласуваат дека Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје врши проверки во рамки на предистражна постапка, а по претходно добиени сознанија за извршени сомнителните трансакции на парични средства помеѓу ЕВН Електрани Македонија ДООЕЛ Скопје и повеќе физички лица.

-Во рамките на предистражната постапка, а по претходно обезбедени наредби од надлежните судови, во текот на денешниот ден беше извршен претрес кај повеќе физички лица на територија на Град Скопје и Делчево, меѓу кои вработени лица во ЕВН Електрани ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје, а со цел пронаоѓање на докази во насока на ефикасно водење на предистражната постапка и докажување на основите на сомнение за сторени кривични дела, соопшти Управата за финансиска полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Финасиската полиција влегла во домот на таткото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јаулески

Утрово во домот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јаулески, влезе Финансиската полиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија ќе и испрати тенкови „Леопард“ на Украина, за Москва одлуката е „потврда дека Западот планирал војна против Русија“

Редакција

Бројката се зголемува: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 546 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Мијалков на судењето за „Монструм“: Не се сеќавам дали странски служби не информирале дека станува збор за лица кои биле на воени боишта

Редакција