еМагазин
Image default
Македонија

Мијалков на судењето за „Монструм“: Не се сеќавам дали странски служби не информирале дека станува збор за лица кои биле на воени боишта

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, денеска при сведочењето во Кривичниот суд Скопје, за предметот „Монструм“, за убиството на четирите момчиња и рибарот кај Смилсковско Езеро на 12 април 2012 година, посочи дека не може да се сети дали странски служби ги информирале дека станува збор за лица кои биле во воените боишта во Авганистан и Ал Каеда.

– Не се сеќавам дали оперативната обработка за исламистичка група се издиференцирала во овој случај. Не можам да се сетам дали странски служби не информирале дека станува збор за лица кои биле во воените боишта во Авганистан и Ал Каеда. Сите мотиви во овој случај ги класифицираше јавниот обвинител, истакна Мијалков.

Поранешниот директор на УБК наведе дека немал претходни информации дека ќе се случи овој настан.

На прашање на обвинетиот Фејзи Азири, дали на 12.04.2012 фунционирале безбедностите камери на Град Скопје, Мијалков одговори дека тоа може да се провери во МВР и дека не се сеќава кои камери работеле пред осум години.

Мијалков беше прашан дали одржал средба со директорот на тајната служба по овој убиствата кај Смилковското езеро.

– Да, имав една средба со шефот на тајната полиција, но не се сеќавам кога точно е реализирана, наведе Мијалков.

Обвинетиот Азири, побара појаснување од сведокот Мијалков, зошто истрага е водена во една насока.

– Во моментот на настанот немавме никакви информации. Не е вистина дека сме воделе постапка во еден правец. Групата се издиференцира како резултат на материјалните докази и од ПИ-мерките. Не можам да ви кажам како вашиот број е избран да се следи, рече Мијалков.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков сведочеше за „Монструм“: БЈБ го водеше случајот, УБК беше вклучена со помагање во информации

Алексовски на судењето за „Монструм“: Имав усна информација од Трајковски за движења на екстремистички групи, но не ми беше потврдена

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела пет смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Нови 32 случаи на Ковид-19 од 665 тестови

Редакција

Не е разговарано за други интервенции во Уставот, освен внесувањето на Бугарите и други етнички заедници, тврди Маричиќ

Редакција