еМагазин
Image default
Македонија

Бројката се зголемува: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 546 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 546 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент.

На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 37 болни, а во Куманово 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 20, а во Струга 17 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 33 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 11, Кавадарци 69, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 899 и има околу 330 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Тетово се намалува бројот на новозаразени, вакцинација причина за подобрување на состојбата

Редакција

Македонскиот Уставот досега менуван 8 пати со 36 амандмански интервенци 

Редакција

Случај „Труст“: Казната на Сеад Кочан намалена, Авировиќ заврши со условна

Редакција