еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Се јави Реџепи од Беса: Добро сум, се ќе раскажам кога ќе поминат заканите

Пo бројните шпекулации за негово наводно исчезнување и киднапирање, пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, поради кој неможе да се одржи седницата за доверба на Владата, поради немање кворум, се огласи на Фејсбук со видео порака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради немање кворум прекината седницата за гласање доверба на Владата

Мицкоски: Има многу шпекулации за не појавувањето на пратеникот Реџепи, ќе чекаме до 12 да се појави

Касами се сомнева дека неговиот сопартиец Реџепи против своја волја не дошол во Собранието

Тој на почетокот се заблагодарува за поддршката и вели оти сигурноста и стабилноста на државата, мирот и благосостојбата на народот, треба да биде да биде најважната работа за сите.

– Сакам да ви се заблагодарам за поддршката. Сигурноста и стабилноста на земјава, мирот и бллагосостојбата на нашиот народ, дефинитивно треба да биде најважната работа за сите.

Претседателот Биљал Касами и другите не треба да се загрижени за мене. Јас сум на сигурно место, на вистинската страна сум, со Албанците сум, и со сите граѓани на земјава кои сакаат мир, слобода и демократија, вели Реџепи.

Тој нагласува дека е со ЕУ и НАТО и не е со антиалбански кругови.

– Ова ви го велам со чиста совест и штом ќе поминат некои опасности од закани од страна на одредени индивидуи, ќе се појавам пред медиумите и се ќе објаснам.

Секогаш ќе се залагам за слобода на изразувањето, за слободниот став на носење одлуки, што е доблест на демокраското општество. Господ да ги благослови Албанците, Македонците и сите што живеат во Република Северна Македонија, додава Реџепи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Киднапирале пратеник мислејќи дека така нема да паднат

Фото/видео: Реџепи/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Несогласувањето меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се пренесе и во Советот на Град Скопје

Редакција

Влада: Со протокол да се реши заштитата на превозниците за дотур на нафта од Грција

Редакција

Вкупно ревакцинирани 499.934 граѓани, интересот за вакцинација продолжува

Редакција