еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Приватното здравство ја менува сликата: На докторите им е подобро во Македонија отколку да станат „медицински аргати“ во Германија

Подолг период во Македонија е актуелен проблемот со иселувањето  на медицинскиот персонал, пред се во Германија која се посочува како „ветената земја“ за македонските лекари. Сепак, споредбата на условите за работа и приходите на лекарите во Германија и во приватните клиники во земјава, покажува дека на квалитетните македонски лекари им е подобро да останат во Македонија.

Имено, главен заклучок на истражувањето за приходите на докторите во Германија објавено од „Quantitative Imaging in Medicine and Surgery“е дека докторите што работат во германските болници имаат премногу работа за релативно малку пари.

Се укажува дека токму затоа новите доктори во Германија преферираат вработување во други дејности од медицинската индустрија. Всушност, затоа и има недостиг од лекари и специјалисти во германските болници, и тамошните власти прават се што можат да привлечат „медицински аргати“ од земјите од Балканот, меѓу кои и од Македонија.

Во истражувањето се вели дека иако зависи од многу фактори, како што се степенот на образование, видот на работното место и работните часови, просечната плата на лекарите во првата година од вработувањето е околу 4.000 евра месечно пред оданочување односно бруто плата. По работен ангажман од 3 до 5 години платата пред оданочување може да порасне до 5.000 евра месечно. Со специјализација, платата може да порасне од 5.600 до 7.000 евра.

Ако се земе предвид дека просечната бруто плата за сите професии во Германија изнесува 3.500 евра, станува јасно дека докторите и не се толку многу платени. Исто така, ако на тоа се додаде дека давачките од плата се релативно високи односно изнесуваат околу 40 отсто тогаш привлечноста за ваква работа спласнува.

Уште еден товар за докторите кои сакаат да работат во Германија е учењето на германскиот јазик, кој треба да го знаат многу добро доколку сакаат да работат во оваа земја, а тоа не е толку едноставно кога е во прашање медицината.

Од друга страна, според неофицијалните податоци во приватните болници во Македонија нето платите на докторите се движат од 2.000 до 8.000 евра. Нормално, платата како и секаде зависи од нивото на специјализација и обврските. Меѓу најплатените се хирурзите и анестезиолозите кои земаат месечна плата од над 3.000 евра.

Затоа не е чудно што најквалитетни доктори веќе одамна преминаа од јавното во приватното здравство. Тие имаат можност за усовршување и за работа во беспрекорни услови по признати светски стандарди што ги мотивира да останат во земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Одговорност за „реновирањето“ на МНТ: „Шверцерите“ го понижија Денот на албанската азбука

Редакција

Седумнаесетгодишно девојче и шест возрасни лица хоспитализирани во Софија по несреќата во која изгоре македонски автобус

Редакција

Вкупно 42: Седум новозаразени со корона вирусот, тројца од Дебар, четворица од Скопје

Редакција