еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратениците изгласаа Собранието да има пет потпретседатели

Пратениците денеска со 60 гласа „за“ и 22 „против“ ја усвоија Одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на законодавниот дом.

На денешното продолжение на втората собраниска седница беше усвоена одлуката која се однесува само на бројот на попретседатели, но не се расправаше за персоналните решенија. Изборот на потпретседатели на Собранието ќе се врши на друга собраниска сеница.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери предлага Собранието да има петмина потпретседатели.

Во образложението на предлогот, повикувајќи се на Деловникот и на Законот за Собрание, се наведува дека „бројот на потпретседателите го утврдува Собранието, по предлог на претседателот.

Потпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието“.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има стан во Австрија и кредит од 12,9 милиони денари: Каков имот пријавил Нуредини, старо-новиот министер за екологија

Редакција

Владата предложи Пендаровски да ја активира Армијата во справување со кризната состојба во дебарско

Редакција

Ученик претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае

Редакција