еМагазин
Image default
Локално

Град Скопје апелира: Користете ги алтернативнте рути за излез од Скопје

Градот Скопје апелира до граѓаните да ги користат алтернативните рути при своето движење со возила кон излезот од Скопје во источен правец, по булеварот Александар Македонски.

„Ги замолуваме учесниците во сообраќајот да ја користат скопската обиколница преку излезите во Визбегово (Качанички пат), клучката кај Мирковци и клучката по новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош, како и паралелните улици 808 (кај фабриките „Европа“ и „Скопска пивара“), крстосницата на булеварот Киро Глигоров, завртување по улицата Перо Наков (кај „Металски завод“ и
„Електроелемент“), вклучување на улица Благоја Стефковски и потоа користење на правецот за Куманово од кај СЦ „Хиподром“ и кон Велес преку Идризово,“ се вели во соопштението.

Градот Скопје уште еднаш апелира до граѓаните да бидат трпеливи и да ги почитуваат новонастанатите услови на патот, како и посебните сообраќајни режими со кои се регулира сообраќајот за време на реконструкцијата на фреквентниот булевар Александар Македонски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени тројца прилепчани кои нападнале полицајци

Редакција

40-годишен маж и 64-годишна жена загинаа во сообраќајката кај Штип: Детали од МВР

Редакција

Кумановчанка направила кариера во УБК со три години образование

Редакција