еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе има ли предвремени избори: Ковачевски вели не, Мицкоски вели да

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека нема да се сретне со лидерот на опозицијата доколку единственото прашање за кое би се разговарало се предвремените избори.

Тој порача дека избори ќе има, но во 2024 година. Во моментот, според Ковачевски, на земјава не и се потребни избори, туку лидерство за надминување на последиците од кризата.

– Не сум човек кој подлегнува на притисоци, закани и уцени. Доколку единствена точка за која опозицијата смета дека треба да се разговара се предвремени избори, тогаш таква средба нема да има, бидејќи сакам да повторам дека избори ќе има, но во 2024 година.

Во овој момент на Република Северна Македонија и е потребно лидерство и одговорност за справување со големите предизвици што ги имаме во оваа кризна година, а тоа е енергетската криза, која е европска, потоа здравствената криза која се уште е присутна преку новите соеви и ценовната инфлација, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања.

Сите треба да бидеме единствени во справувањето со најголемите предизвици со кои се соочува државата, рече Ковачевски. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пак пред почетокот на денешната трибина во Гостивар по повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, испрати, како што рече, порака за обединување.

-Во Гостивар се официјални три јазици: македонскиот, турскиот и албанскиот, што е одлична можност да испратиме порака за обединување. Во Македонија е доволно од поделби. Конечно треба граѓаните да се обединат и да застанат зад вистинските вредности: меѓусебна почит, разбирање и борба против криминалот и корупцијата.

Да се бориме заедно за поквалитетно образование, да не бидеме рекордери по број на жртви од короната и се што е денес пораз да го претвориме во победа, истакна Мицкоски.

Одговорајќи на новинарско прашање, рече дека порано или подоцна предвремни парламентарни избори ќе има.

– Не очекувам дека оваа власт ќе сака да ги напушти дебелите црвени килими, кожните фотелји и привилегите што ги ужива, не очекувам дека тоа ќе го прифати и дека ќе замине зашто е свесна дека потоа следи одговорност.

Но, затоа сме ние опозиција и затоа ја добивме довербата од народот на локалните избори. Порано или подоцна ќе се случат и предвремените парламетарни избори, а потоа следува одговорност за сите погрешни политики во изминатите четири години, истакна Мицкоски пред трибината „Мајчиниот јазик е идентитет“, што ја организира централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на мајчиниот јазик.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот Стево Пендаровски помилува тројца осуденици

Редакција

Пендаровски за Груевски во интервју за БИРН: Само еден човек не може да го организира бегството

Редакција

(Фото) Заев во друштво на Трамп на Самитот на НАТО во Лондон

Редакција