еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Бројот на умрени лани зголемен за 10,7%, најчести причини за смрт се кардиоваскуларните болести и Ковид-19

Бројот на умрените лица во земјава лани е зголемен за 10.7% во однос на претходната година и изнесува 28.516. Поголем број се од машки пол, и тоа 15.155 или 53.1%.

Бројот на умрените доенчиња изнесува 85, a нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 0.3% на 100 умрени лица, соопшти Државниот завод за статистика.

Според месецот на смртта, најголем број случаи се евидентирани во април (3.212).

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.6 години, односно 75.2 години кај лицата од женски пол, или за 3.6 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем – 35.9%, а потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавува пандемијата на Ковид-19 со 20.6%, неоплазмите со 13.8%, кај 5.8% причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести, кај 4.2% се болестите на респираторниот систем, а потоа следат други причини за смрт, но со помала застапеност.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската комисија за година предвидува раст од 2% на македонската економија, за наредната 3,1%

Редакција

Горивата поскапуваат за три ипол денари

Редакција

(Вознемирувачко видео) Застрашувачка сцена во Кочани: Маж се полеа со бензин и се самозапали

Редакција