еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила Магдалена Филиповска – Грашкоска, новата директорка на Фондот за здравствено осигурување

Магдалена Филиповска – Грашкоска од в.д. стана и официјален директор на Фондот за здравствено осигурување, одлучи Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Магдалена Филиповска – Грашкоска нова директорка на Фондот за здравствено осигурување

еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциска комисија кога станала в.д. директор на Фондот.

Каков имот пријавила

Според нејзиниот анкетен лист на свое име пријавила стан во Скопје од 84 метри квадратни, а како заеднички имот уште еден стан во Скопје од 114 метри квадратни.

На име на сопругот пријавила возило, а на име на децата орочен девизен депозит.

Има заем од 630 илјади денари, кој го зела годинава и кој треба да го врати до 2025 година и два кредити, кои исто ги зела годинава, од 4,1 милиони денари, кој треба да го врати до 2042 година и од 500 илјади денари, кој треба да го врати до 2024 година.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје склучи договор со „Бауер БГ“ вреден 816,6 илјади евра

Редакција

Проф. Трајковски: Деновиве стапката на смртност од Ковид-19 е 4,9%, многу повеќе од просекот за целото времетраење на епидемијата

Редакција

Ако трошите повеќе струја, ќе плаќате поскапо: РКЕ најави изјави измени во тарифниот модел

Редакција