АД ЕСМ не одлучува кои броила ќе бидат одобрени за приклучување за снабдување преку ЕСМ Продажба од 1 декември 2022г, информираат од компанијата.
Од таму велат дека, наведената обврска е во рамките на правниот субјект во рамките на ЕВН кој ја врши дистрибуцијата, и одобрувањето и прифаќањето се врши согласно правилата на работа на наведеното правно лице.
„Оттука, ЕСМ Продажба повикува да не се прозива ЕСМ Продажба за случаи во кои броилата не се прифатени.
ЕСМ Продажба ги прифати за снабдување сите субјекти од трите категории по одлука од Влада кои ги исполнуваа условите и поднесоа комплетна документација, и истите ќе бидат снабдувани од 1 декември.
Субјектите за кои Дистрибуција не одобри снабдување од различни причини, се телефонски известени од страна на ЕСМ Продажба.
Уште еднаш нагласуваме, сите кои ги исполнија условите ќе добијат поевтина струја од 1 декември, без оглед дали договорите им се пристигнати на нивна адреса,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МИА