еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕСМ и топланата „Скопје Север“ потпишаа договор – ќе продолжи испораката на греење во општините Чаир и Бутел

АД ЕСМ го плати природниот гас наменет за АД „Скопје Север“ за испорака на греење и потрошувачите во општините Чаир и Бутел од утре наутро повторно ќе имаат парно греење, информираат од компанијата.

Покрај тоа, АД Скопје Север го потпиша договорот за деловно-техничка соработка со АД ЕСМ, за што АД ЕСМ на почетокот на грејната сезона доби задолжение со одлука од Влада, а по барањето искажано од АД Скопје Север за финансиска поддршка за набавка на гас, информираат од АД ЕСМ.

-АД ЕСМ со средства добиени наменски од Буџетот во текот на попладневните часови изврши плаќање на потребните количини гас кај добавувачот на АД Скопје Север, Макпетрол пром-гас, по што природниот гас ќе биде најбрзо испорачан до АД Скопје Север за во што пократок рок да почне повторната испорака на топлинска енергија.

Договорот е потпишан и од АД Скопје Север и од сопственикот АД Топлификација во стечај, и дадени се гаранции за средствата кои ќе бидат вложени од страна на АД ЕСМ во текот на оваа грејна сезона. Исто така, АД ЕСМ преку свој прокурист и врзан потпис ќе го контролира работењето и исплатите од акционерското друштво корисник на средствата, соопшти АД ЕСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за малолетник кој испратил една од лажните дојави за бомби во училиштата

Редакција

Мицкоски: Пратениците ме разочараа мене, партијата и татковината и затоа ќе бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Заврши распитот, таткото на Вања негира дека му давал информации на Љупчо Палевски за ќерка му

Редакција