еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Русковска: Кај починат курир во фиока откриени 1.500 платни налози за прекршоци и казни

Обвинителката Вилма Русковска на гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77 откри случај со недоставување на платни налози.

Русковска информираше дека пред некој ден од Судскиот совет добила известување оти во фиоката на некој курир кој починал, биле откриени преку 1.500 платни налози за прекршоци и за мандатни казни, со што државниот Буџет е оштетен за 20 милиони денари.

„Тоа зборувам за само еден вработен. Кој знае колку има други вакви случаи. Затоа сметам дека треба да има дополнување на одредени закони, на Законот за кривична постапка, на Кривичниот законик, Законот за управните судови…

Мора некои работи да претрпат измени за да бидеме поефикасни, без разлика за кој суд станува збор“, изјави обвинителката Русковска.

Министерот за правда Бојан Маричиќ во истата емисија рече дека според планот на Владата за реформи во судството важно е да се испитаат сите реалции на еден судија и на еден обвинител. Тој се согласи дека треба да се види и улогата на администрацијата и на стручните служби.

„Коруптивното однесување е најчесто организирано, па затоа има вмешани и вработени од администрацијата. Најверојатно за одредена мала парична награда, службеник не вршел достава на платни налози, но не верувам дека службеникот може сам да го прави ова. Обично тоа е заеднички потфат и затоа мора да се реформираме“, истакна Маричиќ.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во моментот во Брисел се разгледуваат промените на Кривичниот законик, вели евроамбасадорот Гир

Редакција

Мицкоски: Прв чекор за рушење на власта е интерпелација на Никола Димитров, па на Османи

Редакција

Бектеши повторно најавува пониски цени на лебот, млекото и месните производи, овојпат од почетокот на декември

Редакција