еМагазин
Image default
Бизнис

Стефан Богоев ја презеде директорската функција во Царинската управа

Во Царинската управа денеска беше извршено примопредавање на функцијата директор, каде новоназначениот Стефан Богоев официјално ја презема должноста од неговата претходничка Славица Кутиров.

-За време на средбата, Кутиров го информираше Богоев за делокругот на работа како и за тековните и планираните проекти и активности на Царинската управа, а истовремено му посака успех во продолжување на мисијата за заштита на финансиските интереси на државата и општеството, поддржувајќи го економскиот развој преку олеснување на трговијата, меѓународната соработка и понатамошна модернизација на Царината, информират од оваа институција.

Истакнувајќи дека веќе е запознаен со предизвиците, тековните и планираните проекти на Царинската управа, новоименуваниот прв човек на Царината, стои во соопштението, ја потврди својата заложба за реализирањето на стратешките цели во оваа област, особено постигнувањето на понатамошни успеси со цел да бидеме водечка Царинска управа во регионот која ќе дава силна поддршка на локалната економија и ќе биде усогласена со стандардите на Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Стефан Богоев, новиот директор на Царинската управа

Каков имот пријавил Стефан Богоев, новиот директор на Царинската управа

Каков имот пријавила Славица Кутиров, која поднесе оставка од директорската позиција во Царина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗК Пелагонија лани со добивка

Редакција

За една недела спроведени 12.799 вонредни инспекциски надзори

Редакција

Просечната нето платата во јануари 33.943 денари 

Редакција