еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР ги охрабува Македонците во Албанија на престојниот попис да се попишат како Македонци

Министерството за надворешни работи (МНР) ги охрабрува сите Македонци во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност, согласно законската регулатива и позитивната демократска пракса во Албанија, на претстојниот попис на населението во Република Албанија, кој почнува на 18 септември и ќе се реализира следните шест недели.

-Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество, на начин како тоа е постигнато во Северна Македонија, и кое претставува непроценливо автентично политичко и културно наследство.

Препознавајќи ја улогата на Македонците како лојални граѓани на Албанија, претстојниот попис ќе им овозможи преку слободното изразување на својот идентитет, да ја потврдат со тоа и сопствената етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност.

Со тоа и дополнително ќе се потврди улогата на македонската етничка заедница во Албанија, во градењето мостови на пријателство меѓу двете држави, велат од МНР.

Македонија и Албанија, додаваат, се земји со исклучителни пријателски односи.

-Министерството за надворешни работи и институциите на Република Северна Македонија ќе останат во интензивна комуникација со претставниците на македонската етничка заедница во Албанија, исто како и со институциите на Република Албанија, меѓу другото и за прашањата кои ги засегаат идентитетските прашања. Продолжуваме активно да се ангажираме за заштита и промовирање на овие права на ист начин како што тоа го правевме и досега, посочуваат од МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нацрт-амандманот за промена на името на Македонија во Северна Македонија помина на собраниската Комисија

Редакција

Таравари заплашува со радикализација на Албанците, ако Бугарите не влезат во Уставот

Редакција

И за проблемот со бездомните кучиња државата ќе бара помош од ЕУ

Редакција