еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И за проблемот со бездомните кучиња државата ќе бара помош од ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на РЕК Битола, одговарајќи на новинарско прашање во врска со проблемот со кучињата-скитници, рече дека и покрај тоа што станува збор за ингеренција на локалните власти, Владата ќе бара помош од Брисел, преку ИПАРД програмите да се изгради стационар кој ќе биде дом за тие кучиња.

Ковачевски нагласи дека проблемот со бездомните кучиња е голем и оти секојдневно сме сведоци на напади врз граѓани.

Потенцирајќи дека тоа е исклучителна надлежност на општините, пртседателот на Владата посочи дека не станува збор за тоа дали градоначалниците имаат моќ или не, туку за тоа дали имаат фокус, посветеност и волја да се справат со проблемите.

– Јас разговарав со министерот за земјоделство, при следната посета на Брисел со соодветните сектори да разговараме за одредена соработка преку ИПАРД програмите, доколку може да се направи некој модел на одреден стационар којшто ќе може да биде некаков државен проект, иако не е ингеренција на државата, со цел да можеме да помогнеме на граѓаните и на општините во справувањето со овој проблем, бидејќи се работи за навистина голем проблем, а гледам дека градоначалниците воопшто не се занимаваат со него, нагласи Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масовното убивање на кучиња покажа колку нефункционална држава е Македонија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во „Мој термин“ се воведуваат два нови упати, а има промени и во издавањето на отпусно писмо

Редакција

Бесплатен скрининг за новинари и медиумски работници за корона вирусот

Редакција

Во Тетово од Ковид-19 не починала 19-годишна девојка, туку пациентка на возраст од 60 години

Редакција