еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во „Мој термин“ се воведуваат два нови упати, а има промени и во издавањето на отпусно писмо

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем „Мој термин“, информираат од таму.

Целта, како што велат е подобрување на здравствената евиденција и поедноставување на работата на здравствените работници, но пред се заради оптимизација на процесот на упатување на пациентите и побрзо добивање на услугата која им е потребна на пациентите.

Најзначајната новина која се воведува се два нови упати, од кои првиот тип е „Итен 24“, кој ќе се издава доколку лекарот кој врши преглед утврди дека пациентот заради неговата состојба (животозагрозувачка/итна состојба) е неопходно да биде прегледан од специјалист, односно супспецијалист или да му биде извршена одредена дијагностичка процедура во рок од 24 часа.

Вториот тип на упат се нарекува „Упат без термин“ и се користи во случај кога пациентот има потреба од преглед, поврзан со остварување одредено право и прегледот треба да се изврши во следните 7 дена. Овој тип на упат ќе се користи доколку во установата каде што се упатува пациентот не постои слободен термин во следните 7 дена за т.н. регуларен преглед.

Имено, „Упатот без термин“ нема да се користи за прв преглед, туку за остварување права и обврски на осигурениците од задолжително здравствено осигурување и тоа за:

-препорака за боледување,

-препорака за користење хронична терапија,

-препорака и издавање ортопедски помагала,

-остварување право на БПО,

-остварување други права за кои е потребно мислење од специјалист/супспецијалист/ конзилиум на лекари,

– преглед/аплицирање терапија, која поради здравствената состојба треба да се изврши во рок од 24/48/72 часа

„Во делот на болничко работење се воведува нова мерка, со која отпусното писмо задолжително ќе се издава на денот на испишување на пациентот од болница, а најдоцна во рок од 24 часа. Доколку за пациентот се чека хистопатолошки наод се издава отпусно писмо со работна дијагноза, а по добивање на резултатите и отпусно писмо со конечна дијагноза. Исто така, интерклиничкиот упат и интерболничкиот упат се спојуваат во еден тип – Упат за трансфер на хоспитализиран пациент“, се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Автобусите на ЈСП продолжуваат да возат

Редакција

СЗО ја отфрла можноста за повторна инфекција со коронавирусот

Редакција

(ВИДЕО) Заев ескивира од фудбал со министрите, повеќе сака во недела да вози мотор

Редакција