еМагазин
Image default
Бизнис

Повеќе од 15.000 холандски туристи се очекуваат во Охрид оваа година

Околу 15.000 туристи од Холандија оваа година се очекува да пристигнат во Охрид со директни чартер летови преку туроператорот ТУИ, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) по денешната промоција на интернационалниот саем „Vakantiebeurs Utrecht“, кој се одржува од 12 до 15 јануари во Холандија.

На првиот ден на манифестацијата, денеска, биле промовирани македонските туристички потенцијали во комбинација со македонски вина и храна во организација на АППТ и ТУИ – Холандија.

– Потврдени се чартери за средината на мај до Охрид, по четири пати неделно, додека во висока сезона нивниот број ќе биде шест чартери неделно од Холандија и дополнително поставување на Македонија во кружните патувања. Очекувањата на ТУИ – Холандија за 2023 година се приближно 15.000 туристи, што претставува најголема бројка досега, стои во информацијата на Фејсбук профилот на АППТ.

Интересот за македонскиот туристички пазар, според Агенцијата, е зголемен и нашата дестинација се повеќе е застапена во програмите на туроператорите од Холандија, но и генерално во овој дел на Европа.

На презентацијата покрај големиот број туроператори присуствувала и в.д амбасадорката на Македонија во Холандија, Бети Јачева, како и хотелиери и тур-оператори од Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Правила за движење на земјоделците за време на полицискиот час

Редакција

„Мист енерџи“ го доби тендерот на МРТ за набавка на струја вреден 327.000 евра

Редакција

„Порше лизинг“ го доби тендерот за набавка на возило на СОЗР на Владата

Редакција