еМагазин
Image default
Бизнис

Детален преглед: Правила за движење на земјоделците за време на полицискиот час

Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот на селото во кое живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Земјоделците пак, се додава во соопштението, чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.

„Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата каде што им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе се спроведува како и досега, преку испраќање на податоци до Подрачните единици на МЗШВ. Сите досега издадени дозволи, продолжуваат да важат до крајот на вонредната состојба“, се вели во соопштението.

Од Министерството напоменуваат дека строгo се забранува издавање дозволи за движење на земјоделци кои имаат навршено и над 67 години. Тие треба телефонски да се јават во Подрачната единица на МЗШВ и да пријават еден помлад член со кој се во роднинска врска (син, ќерка, зет, снаа, внук) и на тоа лице ќе му биде издадена дозвола за движење. Право на движење има само еден член на земјоделско стопанство.

„Барањата за дозвола се доставуваат по телефон или на е-маил до подрачната единица на МЗШВ, од понеделник до четврток, најдоцна до 12 часот. Готовите дозволи се принтаат од страна на вработените во подрачната единица и им се даваат на земјоделците.

Издадените дозволи за движење на земјоделците, важат до крајот на вонредната состојба. Право на издавање на дозвола имаат само евидентираните земјоделци во Единствениот регистар на МЗШВ.

Фирмите чија дејност е поврзана со земјоделско производство имаат право самите да издаваат потврди за движење на своите вработени“, наведуваат од Министерството во соопштението.

Министерството ги повикува земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел заеднички да придонесеме во справувањето со коронависрусот во нашата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Мапа) Детален преглед: Број на заболени со коронавирусот по градови

Полициски час од денеска од 16 до 5 часот, движење само по двајца

Администрацијата од утре на работа од 8 до 14 часот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охридска банка ќе одржи Собрание без физичко присуство на акционерите

Редакција

Македонија за 230 милиони евра ќе купи осум хеликоптери од италијанската фирма „Леонардо хеликоптерс“

Редакција

Макпетрол ќе дели дивиденда од 3.000 денари бруто по акција

Редакција