еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија за 230 милиони евра ќе купи осум хеликоптери од италијанската фирма „Леонардо хеликоптерс“

Македонија за 230 милиони евра ќе купи осум повеќенаменски хеликоптери од италијанската фирма „Леонардо хеликоптерс“.

Хеликоптерите се за потребите на Армијата, но истите ќе можат да бидат ангажирани и во мисии за пребарување и спасување, евакуација, извидување, гаснење на пожари…

Ќе се исплаќаат во четири рати, а првата во износ од 16% од вкупната набавка, треба да биде исплатена годинава.

Како што информираше денеска министерката за одбрана, Славјанка Петровска се набавуваат четири хеликоптери од типот AW149 и четири AW169M.

Во набавката е вклучен и пакет за логистичка поддршка – опрема која ги исполнува оперативните барања за извршување на специфични мисии, комплет резервни делови и потрошен материјал, специјален алат, испитна опрема за двата хеликоптери, тренажер и изградба на модерен инфраструктурен објект и комплетна обука на летачкиот и техничкиот персонал.

Хеликоптерите се очекува да пристигнат во периодот од втората половина на 2026 до крајот на 2028 година.

На конкурсот за избор на компанија за набавката пристигнале четири понуди. Покрај „Леонардо хеликоптерс“ понуди имало и од германско-француски конзорциум, компанија од САД и од Канада.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Пченка, подароци и прошетка низ Скопје за Вучиќ и Рама од Заев и Шилегов

Редакција

Како се лекуваат пациентите заразени со корона вирусот?

Редакција

Нов раст: 1.375 случаи на Ковид-19 од 7.188 тестирања

Редакција