еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Децата со примени три дози ДиТеПер во изминатите шест месеци може да посетуваат градинка

На децата што ја завршиле примовакциналната серија со три дози ДиТеПер вакцина во последните шест месеци да им биде дозволено да посетуваат градинка, со напомена дека ревакцина треба да примат во следните шест месеци, препорачуваат од Комисијата за заразни болсти (КЗБ).

„На седницата на Комисијата за заразни болести ја имавме како гостин проф. д-р Александра Грозданова од Комитетот за имунизација, со цел да ги дообјасниме препораките кои беа дадени. Дообјаснувањето се однесува на деца кои примиле серија вакцинална од три дози, ја завршиле примоимунизацијата во последните шест месеци и сега им следи ревакцина која во стандардниот календар беше препорачано да се прима на една година, сега го кратиме тој период на шест месеци, но овие деца кои ја завршиле примовакциналната серија во последните шест месеци треба да им биде дозволено да влезат во градинка, со напомена дека оваа ревакцина редовно треба да ја примат во следниот период односно после шест месеци најрано од примањето на третата доза“, изјави денеска претседателот на КЗБ, Александар Петличковски.

Тој истакна дека состојбата не е добра, не е стабилна, а според него во оваа состојба сме се довеле заради многу години наназад неодговорно однесување на многу граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скоро 50% од децата во градинките во Скопје се невакцинирани или се делумно против голема кашлица

„Оној податок од 50 проценти вакцинирани деца по градинките е поразителен податок за државата. И тука мора многу да работиме.

Имаме разбирање, имаме и научна поткрепа дека овој малку олабавен начин на проценка на имунитетот со трите дози помага, но не знам до кога ќе остане, затоа што ако состојбата со оглед дека сега сме веќе со бројки над 170 случаи во Скопје и над 200 во државата и веројатно тој број и понатаму ќе расте, можно е во следниве недели да излеземе со построги епидемиолошки мерки.

Се зависи од развојот на ситуацијата. Тоа е главниот заклучок на денешниот состанок“, посочи Петличковски.

Грозданова изјави дека од медицински и имунолошки здравствен аспект процениле дека детето вакцинирано со три дози во последните шест месеци, завршена примоимунизација ќе биде оптимално заштитено со цел да може да продолжи да посетува градинка, да се социјализира со напомена дека ревакцината мора да биде примена во следните шест месеци.

„Имунолошкиот аспект од аспект на заштита на детето ќе биде целосен доколку се задоволени и двата услови. Во шесте месеци да бидат примени тие три дози од примо имунизацијата, но задолжително да се прими ревакцината, којашто временскиот период го скративме, наместо од последната доза на вакцина една година, го скратуваме на шест месеци.

Тоа се препораките до родителите. Да го сфатат овој апел со цел нормално да соработуваме, но, приоритет е здравствената заштита на децата. Се’ уште епидемиолошката состојба е далеку од добра и се зголемува. Имаме во градинките, имаме во училиштата, во ризик ќе бидат и возрасните. Апелираме до родителите најитно да се упатат во вакциналните тимови и овој редослед на вакцини го остварат“, потенцираше Грозданова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Упад во служба која контролира меѓународни летови е терористички акт„: Твитер реакции

Редакција

(Видео) Поплава од историски размери урна две брани во САД, илјадници евакуирани во Мичиген

Редакција

Ребаланс од немајкаде: Популизам а ла ВМРО-ДПМНЕ наместо капитални инвестиции

Редакција