еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани, трета доза примиле 24.021

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.532 дози вакцини, од кои 666 се аплицирани како прва доза, 1.050 се ревакцинирани, а 3.816 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерство за здарвство.

„Заклучно со 27 октомври вкупно се вакцинирани 803.408 граѓани, ревакцинирани се 773.537, а трета доза примиле 24.021 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Финансиска полиција и МВР влегоа во скопски „Водовод“

Редакција

Боки 13 врши увид во доказите против него за случајот „Рекет“

Редакција

Од златари во Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево одземени над 10 килограми злато поради незаконско работење 

Редакција