еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

САД повикаа на воздржаност од насилство на протестите во Скопје

САД го почитуваат правото на македонските граѓани на мирно изразување мислења и гледишта и повикаа на воздржаност од секакво насилство на протестите во Скопје, изјавија за МИА од американскиот Стејт департмент.

Оттаму укажаа дека пристапувањето на Мaкедонија во ЕУ е значаен фактор за засилување на безбедноста во Европа и за целокупната колективна безбедност.

-САД е силен поддржувач на интеграцијата на С Македонија во ЕУ. Сметаме дека иднината на Западен Балкан е безрезервно во ЕУ. Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет низ целиот регион, изјави денеска портпарол на Стејт департментот.

Вашингтон високо ги оценува изјавите на лидерите на ЕУ за важноста на пристапувањето на Македонија во ЕУ кака фактор за засилување на безбедноста во Европа и за целокупната колективна безбедност.

– Го почитуваме правото на граѓаните на мирно изразување мислења и гледишта и ги повикуваме сите на воздржаност од секакво насилство, укажаа од Стејт департментот.

Потсетија дека Македонија ги сработи основните задачи, и дека сега е време да оди понатаму во следната фаза на процесот за пристапување.

-Со оглед на значајноста на овој процес за земјите од регионот, и пошироко за Европа, ги повикуваме нашите пријатели да ја искористат шансата и да го започнат пристапниот процес, рече портпаролот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По пауза од еден месец поради железничката несреќа, товарен воз од Атина стигна во Солун

Редакција

(Видео+Фото) Пендаровски на средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј: Целосното заокружување на процесот на автокефалност е и од врвен национален интерес

Редакција

(Во живо) Продолжува протестот против „францускиот предлог“

Редакција