еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осум дена притвор за пиштолџијата од „Скендербег“

Мерка притвор во траење од осум дена определи судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје против три лица поврзани со протестите од 5 јули пред Собранитето и од 6  јули кај плоштадот „Скендербег“.

-Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор против три лица, поврзани со настаните од 5 јули пред Собранитето на РСМ и од 6  јули кај плоштадот Скендербег, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по прозинесување на осомничените во присуство на бранител, донесе решенија со кои го прифати предлогот на обвинителот и на трите лица им определи мерка притвор во траење од осум дена, согласно предлогот за водење истрага во скратена постапка, соопшти Основен кривичен суд Скопје.

Судот смета дека се исполенти условите од член 470 ст.1 т.1 и 2 односно дека постои опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело.

Против овие неправосилни решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Цела снимка од инцидентот кај Скендербег

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тлото кај Маврово не се смирува: Регистриран земјотрес три степени според Рихтер

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 21 лице, изречени 611 казни за неносење маска

Редакција

МВР: Немало закани ниту напад кон полициски службеници во Арачиново, случајот е целосно расчистен

Редакција