еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Застрелан поранешниот премиер на Јапонија, состојбата му е критична

Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе е застрелан додека држеше говор за време на предизборна кампања во градот Нара.

Напаѓачот е 41-годишниот Тацуја Јамагами од Нара, кој е уапсен по инцидентот.

Според неофицијални информации, атентатот е извршен со рачно изработен пиштол.

Фуџи ТВ објави дека Јамагами бил поранешен припадник на јапонската морнарица.

Врз Абе беа истрелани два куршума, а вториот куршум го погодил во грб. Тој бил префрлен во болница, но не покажувал знаци на живот.

Абе е јапонски премиер со најдолг стаж. Тој беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми. Абе беше наследен од неговиот партиски сојузник Јошиде Суга, а подоцна од Фумио Кишида.

Премиерот на Јапонија, Фумио Кишида го осуди нападот.

Кишида наведе дека Абе е во „сериозна состојба“.

– Мотивот за нападот сè уште не е познат, рече Кишида.

МИА/Видео: DW

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија во топ 10 најосудувани држави пред Европскиот суд за човекови права

Редакција

Кардиоваскуларна болест најчесто претходно заболување кај починатите од Ковид-19 во Македонија

Редакција

(Видео) Невреме поплави села и затвори патишта во Словенија

Редакција