еМагазин
Image default
Македонија

Тлото кај Маврово не се смирува: Регистриран земјотрес три степени според Рихтер

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 22 часот и 38 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65 километри југозападно од Скопje и со локална Рихтерова магнитуда M L 3.8.

„Според досегашните податоци овој земјотрес беше почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид, Кичево и Скопје со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала,“ се вели во соопштението.

Изминатите неколку дена, серија земјотреси го погодија ова подрачје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мој термин“ ќе го користат паралелено старите и новите пациенти

Редакција

Анкета на НДИ: ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, Заев има поголем рејтинг од Мицкоски, Апасиев ист со Пендаровски

Редакција

Фетаи, Пановски, Рајчев, Рустеми и Бундалевска-Георгиева дадоа заклетва пред Советот на јавни обвинители

Редакција