еМагазин
Бизнис

ЕСМ не се јави на тендерот на ЕВН, струја за граѓаните ќе се увезува од странство а сметките ќе растат

На тендерот на универзалниот снабдувач за обезбедување на струја за граѓаните за следната година, државната ЕСМ не даде понуда, дознава Сител.

Согласно Законот за енергетика, државните електрани имаат обврска да покријат 60 проценти од потребните количини за домаќинствата.

Со ова дополнително се проблематизира работата со електричната енергија, бидејќи сега, согласно законот, ЕВН хоум (Универзалниот снабдувач) ќе мора потребните количини да ги обезбеди од увоз на струја по рекордно високи цени.

Како за илустрација, државната ЕСМ досега на ЕВН хоум, струјата за домаќинствата му ја продаваше за 37 евра за мегават час, а сега ќе мора да ја купи за над 200 евра за мегават час.

Вообичаено компанијата за да ја држи ниска цената за граѓаните, ја нудеше својата електрична енергија по дампинг цена. Со ова станува се позвесно дека цената за домаќинствата од јанаури ќе се зголеми двојно.

Инаку тендерот беше распишат на 2 ноември согласно законот кога требаше да се обезбеди струја за домаќинствата за 2022 година.

За лошата состојба со струјата, неколку пати предупредија и експертите и посочија дека не чека тешка зима. Објектите се стари и дотраени и не може да ги испорачаат потребните количини струја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради блокадата Македонците ги заменија Банско и Боровец со Копаоник и Златибор, вели претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Лазаров

Редакција

Груевски со поздрав од Будимпешта: „Немој кога ќе се вратам да го видам упропастен автопатот Скопје-Штип!“

Редакција

„Фруктал Мак“ оствари добивка од 3,1 милиони денари за три месеци

Редакција