Стара Србија се протега од Кајмакчалан во Македонија сè до денешна Словенија, каде што живеат Срби, изјави српскиот епископ бачки, Иринеј Буловиќ, за време на богослужбата во соборниот храм во Нови Сад.
Обраќањето на епископот бачки Иринеј, пренесува БГНЕС, било до српските монаси од епархиите во Краина (Хрватска), во Словенија, па, како што вели, до Кајмакчалан.
„Иринеј Бачки е меѓу најотворените поддржувачи на Руската православна црква и отворено се спротивставува на Вселенската патријаршија. Во 2018 година учествуваше во организацијата на „Алтернативната прослава на 1000-годишнината од формирањето на бугарската Охридска Архиепископија“, заедно со Српската патријаршија.
Бачкиот владика Иринеј Буловиќ отворено тврди дека српскиот народ ја создал кирилицата. За време на конференцијата организирана од здружението „Кирилица“ во Матица, Белград, пред неколку години, тој рече: „Сите европски народи се грижат за своето писменост, а само српскиот народ е невнимателен со кирилицата. Тоа е самоубиствено, антицивилизациско лудило. Тоа не може да се спречи со декрети, туку само со личен пример“, кажа тогаш владиката Иринеј, наведува БГНЕС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српската православна црква се заканува со раскол со Вселенската патријаршија ако МПЦ биде признаена
МИА/Фото: N1