еМагазин
Image default
Да помогнеме

Исчезнат е 27-годишниот Никола Милев од Радовиш, најблиските бараат помош

На социјалните мрежи има апел за помош за пронаоѓање на Никола Милев од Радовиш, момче на возраст од 27 години, кој од вчера е пријавен за исчезнат.

„Исчезнат е нашиот другар Никола, во 00:00 излезен од дома од станот во Струмица, од тогаш му нема ни трага ни глас, телефонот од тогаш му е исклучен“, пишува на Фејсбук.

Вчера во 20.45 часот во СВР Струмица, неговата сестра пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат, кој времено престојувал кај неа.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот Црвен Крст отвори сметки за помош за настраданите граѓани во земјотресот во Турција и Сирија

Редакција

Жител на Тработивиште бара работа и помош да обезбеди пари за лекување на сопругата

Редакција

Исчезната е 34-годишната Соња од Струмица, најблиските апелираат за помош

Редакција