еМагазин
Image default
Бизнис

Германските инвеститори со уредба бараат прецизирање на Предлог-законот за недела да биде неработен ден

Германските инвеститори во земјава поднеле барање, во Предлог-законот со кој недела би била прогласена за неработен ден да се внесе уредба за прецизно регулирање на ваквото решение.

Оваа уредба, како што информира директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс, ќе ја заштити позицијата што ја имаат производителите од Северна Македонија во однос на глобалните синџири на снабдување.

-Во четвртокот имав средба со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Разговаравме за новиот Предлог-закон со кој недела би била прогласена за неработен ден. Заедно со германските инвеститори во земјава поднесовме барање во законот да биде внесена уредба со која прецизно ќе се регулира законот.

Оваа уредба ќе ја заштити позицијата која ја имаат производителите од Северна Македонија во однос на глобалните синџири на снабдување.

Ја информирав министерката за тоа што ќе значи застојот во производството за автомобилската индустрија во однос на глобалните синџири на снабдување и конкурентноста на пазарот во однос на земјите со кои Северна Македонија конкурира во привлекувањето странски инвеститори, вели Мартенс.

Тој во понеделникот имал работна средба и со министерот за правда, Бојан Маричиќ на која, како што наведува, присуствувал и заменик-германскиот амбасадор, Ото Граф, а темата на разговорите била заштитата на инвеститорите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку изнесува највисоката просечна бруто-плата во јули

Редакција

(Фото) За празникот на лозарите и винарите „Тиквеш“ го претстави првото вино од сертифицирано органско грозје

Редакција

Незначително намалување на просечната камата на кредитите од банките

Редакција