еМагазин
Image default
Бизнис

Општина Центар: Со доставеното мислење од Министерството за транспорт и врски, немаме основи за суспензија на ДУП-от

По добивањето на мислењето од Министерството за транспорт и врски за поднесените елаборати за суспензија на плановите, истото беше разгледано од страна на градоначалникот Саша Богдановиќ и службите на Општина Центар, информираат од Општината.

“Постапувајќи по Заклучок на Советот на Општина Центар, општината до Министерството за транспорт и врски достави вкупно 11 елаборати за 22 плански опфати, изработени од општинската Комисија за урбанизам.

Комисијата за урбанизам на Општина Центар е истата комисија која со свои предлози и досега учествуваше во минатите активности поврзани со суспензијата на ДУП-овите во Општина Центар.

Според мислењето добиено од Министерството за транспорт и врски, поднесените елаборати не се во согласност со членот 23, став 5 од Законот за урбанистичко планирање, кој го цитира како единствен правен основ за суспензија на план.

Општинската комисија за урбанизам ги изготвуваше елаборатите со врз основ на членот 35 од Законот за урбанистичко планирање, кој ја обработува неусогласеноста на урбанистичките планови и каде се наброени причините по кои може да се суспендира план, што Министерството го отфрли како неоснован.

Во елаборатите кои Општина Центар ги достави до Министерството за транспорт и врски наведени се несовпаѓањата на параметрите на ДУП-овите со Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје 2012-2022.

Во мислењето добиено од Министерството за транспорт и врски се наведува дека параметрите кои се во линиските центри со намена А,Б и В се неограничени и не влегуваат во билансите, со што тој аргумент ни беше побиен.

Во однос на неусогласувањето на регулационите линии на ГУП со ДУП, во Мислењето стои дека со тоа не се прави штета на јавниот интерес и дека во елаборатите никаде не е утврдена штета на јавниот интерес, со што Општина Центар нема основ за суспензија на плановите“, велат од Општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Центар не доставила правилни елаборати: ДУП-от кај „Холидеј Ин“ не може да се суспендира

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ангел Анѓушев на МЕФ 2022: За успешна енергетска транзиција неопходни се ефективни и исплатливи начини на складирање на енергијата од обновливите извори

Редакција

Укината забраната за летови од Велика Британија

Редакција

Стопанска банка Скопје со добивка во првите девет месеци

Редакција