еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Скопје со добивка во првите девет месеци

Стопанска банка АД Скопје заклучно со третиот квартал од 2022 година, оствари добивка пред оданочување во износ од 2.289.998 илјади денари, информира Банката преку Македонската берза.

-Ваквиот финансиски резултат Банката го остварува со актива која на 30.09.2022 година изнесува 116.961.561 илјади денари, зголемена за 3% во однос на крајот од минатата година.

Нето-приходите од камати изнесуваат 3.049.596 илјади денари и се зголемени за 7% во однос на истиот период од минатата година, како резултат на зголемените кредитни активности и врз основа на тоа-зголеменото кредитно портфолио на Банката.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 666.658 илјади денари и се зголемени за 5% во однос на анализираниот период во 2021 година. Ова е резултат на зголемен обем на активности односно зголемен обем на испорачани услуги на клиентите, од кои најмногу во делот на услугите во платниот промет и картичното работење.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 121.119 илјади денари и забележаа пораст од 24% како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и менувачкиот пазар.

Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 58% и изнесуваат 513.722 илјади денари.

Оперативните трошоци од работењето забележаа зголемување од 7% во согласност со инфлаторните притисоци, при што трошоците за вработени изнесуваат 701.247 илјади денари, додека останатите оперативни трошоци изнесуваат 728.219 илјади денари.

Во анализираниот период, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа, во износ од 627.085 илјади денари, која е зголемена за 3% во однос на истиот период од претходната година.

Вкупната актива изнесува 116.961.561 илјади денари и е повисока за 3% односно 2.858.862 илјади денари во однос на крајот од минатата година.

Паричните средства и паричните еквиваленти споредени со крајот на 2021 година се пониски за 2.527.161 илјади денари, односно за 12%, како резултат на порастот на кредитните активности на Банката и употребата на ликвидноста за оваа намена.

Кредитите на и побарувањата од други комитенти остварија нето пораст од 7% споредено со крајот на минатата година и изнесуваат 83.452.762 илјади денари.

Кредитите на и побарувањата од банки изнесуваат 324.594 илјади денари и бележат зголемување во однос на крајот на 2021 година за 17%.

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 11.884.657 илјади денари и се намалени за 3% во однос на крајот на минатата година, како резултат на зголемените кредитни активности на Банката, односно пласманот на овие средства кај населението и компаниите.

Останатите побарувања забележаа пораст од 10% и изнесуваат 1.724.643 илјади денари.

Капиталот и резервите изнесуваат 21.888.299 илјади денари, што претставува зголемување за 11% во однос на крајот на 2021 година. Имено, со Одлука на Собранието на акционери на Банката, донесена во мај 2022, сопствените средства се зголемени за нови 30 милиони евра, капитал кој обезбедува основа за понатамошен раст на кредитините активности и реализација на зацртаните бизнис-цели во наредниот период, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пари чуваат граѓаните и фирмите во Стопанска банка Скопје

Почна со работа „Стопанска лизинг“, нова компанија на Стопанска банка Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дејан Галев купи 2.935 од велешки „Ветекс“

Редакција

Раст на продажбата на „Тиквеш“ на домашниот и на странските пазари

Редакција

Намалена добивката на „Агроплод“

Редакција