еМагазин
Image default
Бизнис

Скопски пазар со намалена добивка во првите девет месеци

Скопски пазар АД Скопје за периодот јануари – септември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот и неконсолидиран Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Остварени вкупни приходи во периодот јануари – септември 2022 година изнесуваат 232.577 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување од 8%.

Скопски пазар за периодот јануари – септември 2022 година оствари добивка од 53.731 илјади денари, што преставува намалување од 17% во однос на истиот период од минатата година.

Вкупните расходи за периодот јануари – септември 2022 година изнесуваат 178.846 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување од 19%, информира компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави се примањата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Скопски пазар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комерцијална банка ќе дели дивиденда

Редакција

Драстичен раст на извозот: „Алкалоид“ ги освојува пазарите во САД, Унгарија, Полска, Чешка…

Редакција

Анѓушев: Цените на горивата во рамки на претходно утврдените од РКЕ

Редакција