еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Беса транс“ вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и свесно го прекршувал Законот, велат од Министерството за транспорт и врски

Броевите на изводи на лиценци кои се евидентирани во Царинската управа при влез и излез и со кои што се шпекулира во јавноста, во ниту еден случај на се во сопственост на опожарениот автобус на превозникот „Беса транс“. Тоа подразбира дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и лиценца од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Како превозникот вршел влез и излез од земјата, од Министерството за транспорт и врски, посочуваат дека тие не се орган кој што има надлежност да контролира и дека овие информации треба да ги докажат меѓународните и домашните истражни органи.

За опожарениот автобус превозникот „Беса транс“ немал извадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и овој автобус не е евидентиран во електронската база на Министерството за транспорт и врски.

– За да појасниме, бројот 007017 е број на лиценца на превозникот Беса транс БТБ за вршење на меѓународен превоз на патници. Бројот 22679, со кој што шпекулираат одредени медиуми, а кој бил користен од опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило, со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот Беса транс, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски, во соопштението, најостро ги демантира шпекулациите што ги објавуваат одредени медиуми, и посочува дека веќе неколку пати информирале дека опожарениот автобус, кој учествуваше во сообраќајната несреќа во Република Бугарија, не е пријавен од сопственикот во електронската база на податоци на Министерството, а со тоа не побарал извод од лиценца за ова возило.

– Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај член 11 став 1, се вели дека превозникот може да започне да врши превоз на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај, откако ќе добие лиценца за фирмата и извод од лиценца за моторно возило.

Поради тоа, веќе информиравме дека Министерството за транспорт и врски ја одзеде лиценцата на вршење на дејност на превозникот Беса транс БТБ, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако автобусот на Беса Транс немал лиценца преминувањето граници можеби било нелегално, велат од Европска комисија

Не го евидентирале излезот на автобусот на “Беса транс“ од државата: Двајца царинарници суспендирани, санкции и за раководителот

„Беса транс“ остана без лиценца за работа

Фото: Фејсбук/Беса транс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре и задутре средба на претставници на македонското и бугарското МНР, ќе разговараат за отворените прашања, најави Ковачевски

Редакција

(Експлицитна содржина): Зачестена појава на домашни македонски порно клипови на интернет

Редакција

Парното поскапува за 14,18%

Редакција