еМагазин
Image default
Бизнис

Индустриското производство зголемено за 1,8% во првите десет месеци

Индустриското производство во октомври годинава, во однос на октомври лани е намалено за 6,5 отсто. Во периодот јануари – октомври, пак, во споредба со минатата година е поголемо за 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, бележи пораст од 0.2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 10.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 18.6%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 33.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9%, додека пораст бележи кај Енергија за 10.8%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.8% и Трајни производи за широка потрошувачка за 31.9%.

Фото: Photo by Daniel Wiadro on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бектеши на Делфи економскиот форум: Намалување на зависноста од рускиот гас е клучен за енергетската безбедност на регионот

Редакција

Во третиот обид за 350 илјади евра продадена топланата „Скопје Север“

Редакција

Во мај индустриското производство зголемено за 2,9%

Редакција