еМагазин
Image default
Македонија

БЕСА бара предвремени избори по одлагањето на стартот на преговорите со ЕУ

Секретарот на Движењето БЕСА, Аднан Азизи преку објава на својот Фејсбук-профил повика на одржување предвремени парламентарни избори, откако вчера Советот за општи работи на ЕУ не одобри старт на преговорите за членство на земјава во Унијата.

Тој посочува дека „Владата е делегитимирана“ и оти „ден поскоро треба да се одржат парламентарни избори“.

– Датум… интеграциите… ЕУ… .процесот… нè оглувија со празни пароли, а всушност се си прават за да ја одбранат власта и да одолговлекуваат до последен момент. Нема датум – власта е делегитимирана, затоа предвремени избори ден поскоро, инаку овие можат само да не одведат во бездна, напиша Азизи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Совет на ЕУ: Ни преговори, ни датум за Македонија додека не се повлече бугарското вето

Фото: Фејсбук/Касами

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставен суд: Формиран предмет за урбанистички планови во Маврово

Редакција

Изборен молк, гласаат затворениците и немоќните лица

Редакција

Со 400 денари, албански државјанин, кој во возилото имал две торби со марихуана, сакал да поткупи полицајци

Редакција