Струмичанец баран со потерница вчера попладне е приведен на бензинска пумпа на булеварот „Србија“ во Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
МВР соопшти дека е приведен Г.С. (51), кој имал адреса на живеење во Скопје. Тој е баран со потерница за издржување казна затвор од една година.
Предаден е во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.
Повеќе медиуми јавија дека станува збор за поранешниот командант на поранешната полициска единица „Лавови“, Горан Стојков.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.