Д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје за Канал 5 вели дека засега со сигурност се знае дека омикрон е позаразен од досегашните варијанти на вирусот.
„Првичните податоци се многу охрабрувачки, затоа што говорат за намален процент на хоспитализација и за намален процент на потреба од кислородна поддршка – се смета дека само десет проценти од оние коишто ќе бидат хоспитализирани, имаат потреба од кислородна поддршка, што е добра вест.
Меѓутоа, сето ова не треба да нѐ залажува и да сметаме дека имавме среќа со појава на една ваква варијанта, баш поради нејзината поголема преносливост, ќе имаме голем број на позитивни случаи, а со тоа и поголем број луѓе во болниците и оптоварување на здравствениот систем“, вели Мехмедовиќ.
Тој додава дека луѓето кои ќе имаат силен клеточен имунитет, кој се создава преку процесот на вакцинација и со прележувањето на болеста, веројатно нема да имаат тешка клиничка слика, да мораат да бидат примени во болница или да имаат смртен исход.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Даниловски: Омикрон сојот е четири пати позаразен е и помалку опасен
Доктор Беќаровски: Омикронот може да создаде сериозни економски импликации, од таму и стравот
Фото: Фејсбук/Мехмедовиќ