еМагазин
Image default
Македонија

Беса подржува укинување на техничката влада и предвремени избори

Од Движењето Беса информираат дека го поддржуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Влада со цел да се избришат одредбите пред избори да се формира преодна, односно т.н. пржинска влада, поднесена денеска до Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.

– Владата на Република Северна Македонија и сегашното мнозинство секојдневно докажуваат дека немаат капацитет да ги водат државните институции. Секое пролонгирање на оваа нестабилна состојба може да има големи последици и политички, но и за економијата на земјата.

Иницијативата за промена на законот за влада, односно бришење на деловите од законот за техничката влада како чекор пред парламентарните избори е многу битно и секако ќе ја има поддршката на пратениците од Движењето Беса, се вели во партиското соопштение.

Оттаму потенцираат дека за да се обезбедат стабилни институции, политичка стабилност и конкретни чекори за економско закрепнување, неопходно е земјата да оди на предвремени избори.

– Го потврдуваме нашиот став дека на државата и се потребни стабилни институции, политичка стабилност и конкретни чекори за економско закрепнување. За да се обезбеди тоа, повеќе од неопходно е земјата да оди на предвремени избори, затоа укинувањето на процедурите за техничка влада е чекор за забрзување на излезот на земјата од кризата што ја зафати и преку одржување на предвремени избори што е можно поскоро како единствено решение кое ќе донесе политички промени и ново мнозинство, стабилно и со јасна визија за иднината на државата, што оваа власт и мнозинството СДСМ-ДУИ немаат капацитет да го обезбедат, потенцираат од Движењето Беса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предвремени избори ќе нема, техничката влада треба да се укине, но со консензус, велат од ДУИ

Предвремени избори нема да има, за укинување на техничката влада потребен е консензус на четирите најголеми партии, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа предлог за укинување на техничката влада

Фото: Касами/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 4.742: Од Ковид-19 починаа 28 лица

Редакција

Расте интересот за вакцинирање

Редакција

Боки 13 е во добра општа состојба, во болница останува до понеделник

Редакција