еМагазин
Image default
Македонија

Маричиќ позитивен на Ковид-19, нема да оди со Владата во Бугарија

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на неговиот Фејсбук профил соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и дека нема да биде дел од владината делегација, која од денеска ќе биде во посета на Бугарија, каде утре ќе се одржи заедничка седница на македонската и бугарската Влада .

“Започнуваме со нова динамика и отвораме нова можност со Република Бугарија, на еден поинаков начин на меѓусебна комуникација и соработка, од која очекуваме унапредување на односите и надминување на разликите во интерес на граѓаните на двете земји.

Давам целосна поддршка на процесот на продлабочување на соработката на сите нивоа и во сите области, како и зближување на двата народи, преку видливи резултати од функционирањето на работните групи.

Јас нема да бидам дел од владината делегација, поради позитивен тест на Ковид-19 и покрај тоа што немам никакви симптоми, правилата наложуваат изолација.

За жал, нема да сум присутен и на првиот состанок на заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики со која јас копретседавам, но останувам во комуникација со колегите Грковска, Нуредини и Алити, како и со моите бугарски колеги околу деталите и заклучоците од средбата.

Со успех“, напиша тој.

Фото: Фејсбук/Маричиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега изборниот процес се одвива мирно, какви нарушувања регистрираше МВР

Редакција

Антикорупциска: Изминативе десет години направени 32 интервенции во Изборниот законик

Редакција

Емотивен повик на Џорџ Буш до македонските граѓани да излезат на референдум

Редакција